Почетна / Сапуници / „Живот вреден за живеење“, бразилска пладневна новела на ХРТ 1

„Живот вреден за живеење“, бразилска пладневна новела на ХРТ 1

Од авторите на “Вистинска ѕвезда” на ХРТ 1 започна уште една посластица од земјата на кафето, карневалот и самбата. “Живот вреден за живеење” е една од најгледаните теленовели во последниве години во Бразил која го надмина успехот и на “Вистинска ѕвезда”.

Приказна за љубовта, разбирањето, смислата на животот. Серија во 120 епизоди која ќе ви предизвика силни емоции додека сте пред малите екрани, и ќе ви покаже зашто животот е вреден за живеење и зашто треба да се живее секој момент. Во продолжение запознајте се со содржината на новелата која може да ја следите секој работен ден во 12.30 часот на првиот канал на ХРТ.

Палома е шивачка и самохрана мајка на три деца, чиј живот се преобрнува наопаку кога дознава дека е болна од рак и дека ѝ остануваат само шест месеци живот. Од тој момент, таа посакува да прави работи што никогаш не ги правила досега – па спие со странец, Маркус кој се заљубува во неа. Таа за време на таа голгота, создава поинакви претстави за животот и што е вредно во него. Но, во еден момент таа дознава дека тестовите се заменети, односно дека таа не е болна од злокобната болест.​


Со поинаков став кон животот, таа сака да го побара човекот кому му е навистина дијагностициран тој карцином. На тој начин, таа се зближува со Алберто-сопственик на издавачка ќука кој го преживува истото што го преживувала и таа неколку месеци, додека е на работ на смртта.

Страста кон литературата и љубовта кон пишаниот збор, како главна нишка која ги поврзува, е во основата на нивното пријателство, кое им дава нова смисла на нивните животи. Работите ќе се искомпликуваат уште повеќе, кога Палома ќе се заљуби во неговиот син- Рамон, а тука е и Маркус – човекот од нејзиното минато кое нема да ја препушти така лесно на било кој.

Улоги: Grazi Massafera, Rômulo Estrela, David Junior, Antônio Fagundes, Ingrid Guimarães, Fabiula Nascimento

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!