Секоја сабота во 17.45 часот на МРТ 1 ќе се емитува новиот телевизиски проект „Животна приказна“ каде во фокусот на вниманието ќе бидат животните приказни на познатите. Водител на емисијата е Здравкица Милиќ која после подолга пауза повторно се враќа на телевизиските екрани, а уредник е Васко Спасоски кој има долгогодишно новинарско искуство зад себе.
Се работи за ТВ емисија во која ќе ги чуеме животните приказни на познатите, кои сепак живеат еден сосема нормален живот како секој од нас и се соочуваат со низа предизвици, препреки , потешкотии, проблеми кои на крајот на денот се решливи. Првата емисија ќе ја отвори актерката и пејачка Јана Стојановска. Во нејзината животна исповед, актерката зборува за своето детство, сопругот, синот.
Здравкица Милиќ неколку години живее со семејството во Србија, а за македонските гледачи е особено препознатлива како водителка на музичката емисија “Скај Селекшн” која во 2000тите се емитуваше на тогашната Скај Нет телевизија.
| ТВ Пакет