Почетна / Серии / Ненадејно почина Џорџина, негативката од „Gossip girl“

Ненадејно почина Џорџина, негативката од „Gossip girl“

Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогите во “Buffy the Vampire Slayer” и “Gossip Girl”, почина на 39-годишна возраст. Актерката била пронајдена во нејзиниот стан во Њујорк од страна на нејзината мајка Лана Трахтенберг во средата наутро, околу 8 часот.

Актерката починала од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзината смрт, изјавија полициски извори за „Еј-би-си Њуз“.

Трахтенберг е позната по нејзината улога како Зора Самерс, помладата сестра на Бафи (Сара Мишел Гелар), која ја толкуваше во тинејџерската драма Бафи: Убиецот на вампирите, која се емитуваше од 2000 до 2003 година.

Родена во Бруклин, таа исто така имаше забележителна улога како опасната Џорџина Спаркс во светски популарната тинејџерска серија Gossip Girl, која се емитуваше од 2007 до 2012 година, а во Македонија прикажана на националниот сервис МРТ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Серијата „Игри на влијанија“ по трет пат на Телма во ист термин

Премиерно на Телма се емитуваше есента 2023 година, потоа реприза во 2024 година, а сега …

error: Содржината е заштитена!