Почетна / Серии / Започна снимањето – трета сезона на „Преспав“ од декември

Започна снимањето – трета сезона на „Преспав“ од декември

Вчера започна снимањето на најновата сезона од популарната домашна серија “Преспав”. Како што најавуваат од Македонската телевизија, третата сезона би започнала со емитување на првиот програмски сервис веќе во декември оваа година.

Идејата и концептот на ситкомот „Преспав“ се на продуцентот Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов- Изи, Вардан Тозија и на Дина Дума.

„Преспав“ е комуникациски модел за симултано прикажување на европските вредности пред македонската публика. Како во претходните сезони, така и во третата, секоја епизода е стремеж за излегување од транзицијата и живот во пристоен општествен амбиент.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватската серија за тимот планински спасувачи „Гора“ на Телма

Во срцето на драмската серија „Гора“ е тим планински спасувачи чии постапки, како и нивните …

error: Содржината е заштитена!