Почетна / Сапуници / Фото | Актерката од серијата „Руби“ приватно има пет ќерки

Фото | Актерката од серијата „Руби“ приватно има пет ќерки

Мексиканската актерка Жаклин Бракамонтес ја паметиме особено по улогата на Марибел во хит серијата “Руби”, а подоцна се појави и во главна улога во “Љубовни рани” и “Магична привлечност”. Во теленовелите од секогаш имала атрактивни партнери како Вилијам Леви, Гај Екер и Себастијан Рули, но приватно се омажи за исто така згоден мексикански бизнисмен, Мартин Фуентес.

Со него, денеска има пет ќерки и решени се да не одат и на шестто дете, и покрај големата желба да имаат синче. Пред две недели, Жаки се породи со две близначки, вест за која пишуваа латиноамериканските медиуми, особено затоа што се знаеше дека бременоста е доста критична. Новите близначки се викаат Паула и Емилија, а претходните три ќерки на Жаклин се Жаки, Каролина и Рената.

Познатата актерка имаше и трагедија пред неколку години кога на породување умре нејзиниот штотуку роден син. Поради обврските со семејството, денес Бракамонтес се посветува комплетно на ќерките и се откажа привремено од кариерата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Времеплов | Се сеќавате ли на „Песоците на Мајами“ на А1

Песоците на Мајами е американска теленовела која пред многу години се емитуваше на А1 во …

error: Содржината е заштитена!