Почетна / Серии / Теленовели / Фото | Вака ќе изгледа грдата Бети во новата верзија на серијата

Фото | Вака ќе изгледа грдата Бети во новата верзија на серијата

Американската продуцентска куќа Телемундо за оваа година го најавува својот нов хит во светот на теленовелите – “Бети во Њујорк”. Нова верзија на “Грдата Бети”, чии верзии досега ги следевме на Сител телевизија (американската Грдата Бети, мексиканската Грдата Лети) и А1 телевизија (Не давај се Нина). Успешната приказна за грдата девојка која ќе влезе во светот на модата и луксузот има десетици свои верзии добиено досега во земји како Грција, Колумбија, САД, Холандија, Франција, Хрватска, Виетнам, Филипини, Полска, Таиланд, Бразил итн.

Во најновата верзија на Телемундо, улогата на грдата убавица ја толкува актерката Елифер Торес, а партнер во серијата и е Ерик Елијас, познат за нас по улогите во “Циганки” и “Рајска бура”. Новелата со емитување започнува во февруари на каналот на Телемундо во САД.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овој познат актер е во врска со една од „Ќерките на Фазилет“

ЌЕРКИТЕ НА ФАЗИЛЕТ – 20:45 часот ексклузивно на Сител ТВ Млада, згодна и амбициона. Афра …