Почетна / Живот / Фото | Забавниот парк „Мега“ останува во Скопје до 1 јули

Фото | Забавниот парк „Мега“ останува во Скопје до 1 јули

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ е главна атракција за децата, но и за возрасните. Отворен од понеделник до недела, секојдневно привлекува посетители од целиот град, а за викенди и од целата држава.

Поради големата посетеност и позитивните реакции, паркот „Мега“ во Скопје ќе остане до крајот на јуни. Влезот е бесплатен, а користењето на реквизитите и адреналинските возења чинат од 50 до 200 денари. Паркот со адреналински атракции се наоѓа на „Илинденска“, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.

Најатрактивни возења за посетителите се „Enterprise”, „Star Tower”, „Vortex”, „Kamikaze”, „Pop Stars” и „BreakDance”- сите со високо ниво на адреналин. Сите реквизити се лиценцирани, со што се гарантира нивната безбедност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ноември ќе се одржи 7. годишна регионална конференција за е-трговија

Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“ на 12 ноември во Националната опера и балет во Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!