Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / За време на летото, Телма ја прекинува и утринската програма

За време на летото, Телма ја прекинува и утринската програма

Кон втората половина на мај, уште незавршена телевизиска сезона и незапочнати летни одмори, Телма телевизија како национална телевизија започна да репризира веќе емитувани серии и филмови, кои во целост веќе во јуни го окупираа прајмтајмот на програмата.

И не само ударните термини, туку репризи од репризираните серии се емитуваат и во дневни термини, а репризи на неколкупати емитувани филмови одат за викенд. Откако и политичката дебата “Топ тема” замина на летна пауза, останаа утринската и контактната како единствени премиерни содржини, покрај информативните изданија на вестите.

Но, веќе од понеделник, и утринците се на одмор, па така се прекинува и утринската програма. За споредба, ниедна друга национална телевизија (МРТ, Сител, Канал 5, Алфа) не прекинува утринска програма за време на лето, туку водителите ротираат зависно од годишните одмори.

На Телма не е така. Па така, репризи на документарни емисии и анимирани филмови ќе ја пополнуваат утринската програма до септември.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва гласаме за бројот 1 на 145 333 за победа на Мики во „Гранд“

Македонскиот идол Мики Секуловски е еден од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент …

error: Содржината е заштитена!