Почетна / МК Сцена / XXL пееја на свадбата на Марија, но без Верица!

XXL пееја на свадбата на Марија, но без Верица!

 

Се сеќавате ли на некогашната најпопуларна женска музичка група во Македонија, XXL? Не претставуваа на „Евровизија“ во 2000. година со песната 100% те љубам, а потоа извадија неколку хитови за на крајот тотално да се повлечат од сцената. Никој не слушна ништо за Марија, Росица, Ивона ниту пак за Верица, се додека овој 7. јуни едната од нив не стапи во брак.

 

 

Русокосата девојка од групата, Марија Николова се омажи за Кире Крстевски. Фотографиите на Фејсбук профилот на поранешната пејачка докажуваат дека свадбата била навистина весела. Покрај Миле Кузмановски, на музичката сцена запеале и трите членки на групата. Верица не ја забележавме. 

 

 

 

{gallery}062013/marijaxxl{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот, а наш Боби Андонов ја промовираше песната „Момент“

Зад успешната светска приказна на пејачот Боби Андонов стојат македонски корени и детство исполнето со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!