Почетна / Забава / Ангел Анкс во петок во „XO“, ТВ Пакет дели гратиси

Ангел Анкс во петок во „XO“, ТВ Пакет дели гратиси

 

Клуб ХО и за овој петок најавува журка за паметење заедно со еден од најдобрите словенечки ДЈи Angel Anx. Со изданија на Ministry of Sound, Toolroom, CR2, Pacha, Azuli поддржани од најголемите светски имиња во музичката индустрија  како Fatboy Slim, Groove Armada, Eric Prydz, Axwell, Afrojack, Benny Benassi, David Guetta, Roger Sanches, Pete Thong и други, Angel Anx е еден од водечките ДЈи и продуценти во регионот заедно со своите сонародници Umek и Valentino Kanzyani.

 

 

Поканата да направи профил на микс од продуценти на BBC Radio1 докажува уште еднаш дека Angel Anx  како диџеј и продуцент продолжува да прави најсовремена продукција за слушателите кои бараат квалитетна електронска музика. Неговиот проект “Фатална песна” беше објавен на CR2 рекордс, а беше поддржан од X-Press 2, NIC Fanciulli, DJ Chus и многу други. Синглот се појави на хаус компилацијата на Обединетите нации заедно со имиња како Eric Prydz, Tiefschwarz, Steve Angello, Danny Howells, а истиот го издадоа и  Pacha и Def Mix на нивниот Winter Sessions vol. 4 миксан од  Hector Romero и Juan Diaz кои не се двоумеа да го вклучат “Фатална песна” на него. Неговите одлични миксови на Don’t lose yourself Еp, We play house, Ape stalking и соло сингловите Blow и Love Strings ќе бидат само дел од репертоарот на ДЈ сетот на Angel Anx во петок во ХО.

Не пропуштајте да бидете дел од ова хаус доживување. Журката ќе започне на полноќ, а влезниците чинат 150 денари. ХО клуб, за Х можности! Најсреќните од вас ќе добијат гратиси за настанот.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветто издание на прилепскиот Џез фестивал на 27, 28 и 29 август

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 27,28 и 29 август 2020г, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!