Почетна / МК Сцена / Стефан го воодушеви жирито на „X Factor Adria“

Стефан го воодушеви жирито на „X Factor Adria“

 

Стефан Давидовски е младо талентирано момче чија најголема желба е да сними студиски албум. Јавноста уште еднаш се увери во неговиот талент кога запеа на големата сцена во МРТ како дел од проектот „Сите наши песни“ заедно со Биг Бендот.

 


Стефан влезе во тесниот круг на кандидати во „X Factor Adria“, а неговиот глас не ги остави рамнодушни членовите на жирито. Во продолжение, прочитајте го интервјуто кое го направивме со Стефан Давидовски веднаш по настапот во Белград.

Веќе подолго време си на сцената, од каде идеата да се пријавиш во „X Factor“?

Сепак Х-Фактор е едно од најдобрите и најпознатите светски шоуа, каде може на најдобар начин да се промовираат млади таленти и преку него да се изградат прекрасни кариери,така да решив да пробам и да видам како е да се биде дел од едно такво феноменално шоу.

Каква беше реакцијата кога те известија дека продолжуваш во Белград?

Кога ми јавија дека продолжувам во Белград бев навистина среќен и возбуден и веднаш почнав со подготовките за заминување во Белград.

 Дали имаше трема пред жирито?

Како и секој млад пејач кој настапува на една таква сцена и пред навистина реномирани пејачи од кои беше составено жирито, нормално е да се има трема, но тоа сепак беше онаа позитивна трема.

 

Како се чувствуваше по настапот?

По настапот се чувствував доста возбудено, но и помалку изгубено бидејки не е мала работа да се настапи пред навистина стручното жири.

Дали си задоволен како се претстави?

Искрено сум задоволен како се претставив, но сметам дека тоа не беше 100 % од она што сакав да го покажам, а понатаму ќе дадам се од себе за да би можел да се претставам најдобро што можам и онака како што замислувам.

Какви планови имаш за после шоуто? Можеби нова песна?

Најпрво би сакал да почекам да завршат аудициите на ова шоу, па потоа би размислувал за текот на мојата понатамошна музичка кариера.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момците од „Либеро бенд“ најавуваат нова песна со видео запис

Интересен  и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од …