Почетна / Серии / Втора сезона од српската крими серија „Клан“ на Телма

Втора сезона од српската крими серија „Клан“ на Телма

Продолжението на серијата “Клан” носи возбудливи приказни кои ќе го следат понатамошниот подем на мафијашкиот клан на чело со Шок и Паша.

Тие напредуваат во криминалната хиерархија и воспоставуваат нов бизнис модел – киднапирање на богати луѓе, што претставува нов извор на приход за кланот, но и за нивните претпоставени од редовите на командосите од државнатата безбедност, како и за Бубон.

Мотивирани од пари и престиж, Шок и Паша постепено го усовршуваат својот нов деловен модел, со помош на нивните соучесници од полицијата, здравството, политиката, намерните и случајни соработници и членовите на нивните семејства.

Од вторник, 4 октомври во 22.15 часот на Телма. Од понеделник до четврток, втора сезона на “Клан”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мрачна истрага во српската серија „Кљун“ секоја вечер на МРТ 1

Мрачна мистерија што ги пробива границите на жанрот “Кљун” е серија која го освои вниманието …

error: Содржината е заштитена!