Почетна / Филм / Во недела ексклузивно на МРТ 1 – доделување на Оскари 2025

Во недела ексклузивно на МРТ 1 – доделување на Оскари 2025

Ексклузивно на МТВ , 97-ми ОСКАРИ!
Недела по полноќ, во 00.30 започнува преносот од Црвената патека пред театарот Долби во Холивуд, а во 01.00 следи 97-то доделување на најпрестижните филмски награди Оскар. По неколкуте одложувања поради разорните пожари што го зафатија Лос Анџелес, Американската академија за филмски уметности и науки конечно ги објави номинациите за престижните награди Оскар, кои ќе бидат доделени на церемонија ноќта на 2 и 3 март.

Меѓу номинираните филмови се најде и хрватскиот „Човекот што не можеше да молчи“, режиран од Небојша Слијепчевиќ, со Горан Богдан во главната улога.

Францускиот мјузикл „Емилија Перез“ на Жак Аудиар, кој раскажува за мексикански гангстер што го менува полот и идентитетот за да избега од ривалски клан, доминираше со рекордни 13 номинации за филм од неанглиско говорно подрачје. „Бруталистот“ на Броди Корбет и „Wicked“, базиран на истоимениот Бродвејски мјузикл, заработија по 10 номинации, додека биографскиот филм за Боб Дилан „A Complete Unknown“ и трилерот „Conclave“ добија по шест номинации.

Уживајте во гламурот на најблескавата филмска ноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциониот трилер „Ронин“ во петочниот вечерен термин на МРТ 1

Во средновековна Јапонија, самураите се заколнале дека ќе го заштитат својот господар дури и по …

error: Содржината е заштитена!