Почетна / Сапуници / Викенд репризи на првите епизоди од „Големата одмазда“ на Алфа

Викенд репризи на првите епизоди од „Големата одмазда“ на Алфа

Нова турска надсинхронизирана серија започна на Алфа телевизија во новата програмска шема на телевизијата. Од понеделник до петок со почеток во 21.20 часот ја следите класичната турска драма за Ајаз и неговата “Голема одмазда”.

Како започна приказната, потсетете се оваа сабота и недела од 22.50 часот. Репризите на првите пет епизоди ќе ви го претстават наивниот Ајаз и неговото сиромашно семејство. Неговиот живот се менува кога неговата сакана ќе биде убиена од злобниот Килиџ.

Во селото каде владее законот на посилните и војската, за Ајаз ќе нема друг излез освен да биде нем сведок на сето тоа што се случува пред неговите очи.

Неговата мила Зухре е убиена, а тој е разделен од својот брат и сестричка. Ќе може ли да прости за тоа што му го нанесоа? Ќе може ли повторно да сака, години подоцна или неговото срце овојпат е обвиено од желба за голема одмазда кон тие што му го уништија животот?

Проследете ги повторно првите епизоди и вклучете се во тажната приказна за “Големата одмазда”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Πсихолошката драма „Невиност” продолжува на малите екрани

Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!