Премиерни филмови на Телма и за престојниот филмски викенд. Филмотеката започнува со француската сентиментална драма за жената која бегство од монотониот брак ќе најде во аферата со новиот љубовник.

Саботната ноќ е резервирана за најконтроверзниот филм на виенскиот режисер Улрих Зајдл снимен во Романија…

… и продолжува со чилеанската драма за танчерката Ема.

Во недела се дружиме со научно фантастична акција во продукција на Кина и Сад …,

… а викендот завршува со француската крими драма за Џулија, која наоѓа бегство од секојдневието во страста за мотоциклите и високооктанскиот свет на групата урбани моторџии
| ПЕТОК 14.02.2025 | ||
| 22:15 | La natura dell’amore | ПРИРОДА НА ЉУБОВТА |
| САБОТА 15.02.2025 | ||
| 22:15 | Sparta | СПАРТА |
| 00:10 | Ema / Ema | ЕМА |
| НЕДЕЛА 16.02.2025 | ||
| 22:15 | GHOST IN THE SHELL | ДУХ ВО ШКОЛКА |
| 23:45 | Rodeo | РОДЕО |
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
