Почетна / МК Сцена / Видео | Tраперите Таско и Пајак со заеднички спот за „Психо”

Видео | Tраперите Таско и Пајак со заеднички спот за „Психо”

Доолгоочекуваниот дует за кој толку многу зборуваа фановите на Таско и Пајак се реализираше со песната “Психо”.

Најпопуларни меѓу младите двајцата Киковци, Христијан Тасковски-Таско и Христијан Настески-Пајак, ден по промоцијата веќе високо котираат на трендинг листата на Јутуб.


Песната е во трап стил за која музиката и текстот го напишаа самите Пајак и Таско и одлично се надополнуваат во истата, а додека миксот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо.


Спотот е во режија на Гордан Божиновски, камера Били Д, видео ефекти Никола Наумовски, а сето тоа во организација на Борис Тасковски. Се снимаше во театар комедија каде Пајак глуми Џокер, кој работејќи напорно постанал психо.


Пајак и Таско во овој проект звучат како едно, но секој посебно си има свој изграден веќе препознатлив стил. И двајцата ни најавуваат многу нови песни и соработки со наши па и српски артисти. До тогаш уживајте во песната и одличниот спотот за “Психо”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!