Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Струмичанката Славица влезе во полуфиналето на Гранд

Видео | Струмичанката Славица влезе во полуфиналето на Гранд

Струмичанката Славица Ангелова освои 6 гласа од жирито во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во големото полуфинале од мега шоуто на Сител телевизија.

Таа ги отпеа „Нека те боли“ од Лина Пејовска во македонска верзија и „Чаробан“ од Нина.

Славица тоа беше феноменална. Многу не ќе можеа да се изборат со овие песни, но ти успеа….Славица ти ме воодушеви и со стајлингот и со изборот на песни…..„ беа дел од коментарите од жирито кои и доделија 6 гласа и директно се пласираше во полуфиналето од ова музичко шоу.

Бидете со Сител во петок и бодрете ги македонските кандидати во полуфиналето од “Ѕвездите на Гранд”. Финалето е веќе следниот ден, сабота на 24 јуни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 со отворена хуманитарна програма за настраданите од пожарот

Утре (четврток, 27 март), Канал 5 ТВ организира телетон хуманитарна ТВ програма за донирање на …

error: Содржината е заштитена!