Почетна / Телевизија / „Филмско око“ оствари дури 667 емисии досега!

„Филмско око“ оствари дури 667 емисии досега!

На националните телевизиски канали сопствената продукција е сведена на минимум поради големиот интерес за телевизиските серии дистрибуирани од странство. Но кај локалните медиуми низ Македонија ситуацијата е поинаква. На охридската ТВ М веќе подолг период се емитува емисијата наречена „Филмско око“ што е посветена на филмската индустрија и на љубителите на истата.

 

 

Емисијата посветена на седмата уметност е вистинско уживање за љубителите на подвижната фотографија. Вистинско уживање подготвено со многу љубов и труд за „гладните“ филмофили. Авторот и водител, Ѓоко Симјаноски, ги презентира најновите случувања од светот на најмоќната забавна индустрија. Неисцрпен извор на информации за најстарите, најголемите и најгламурозните филмски фестивали, премиери, трејлери и интервјуа. Од црвениот тепих и од бекстејџот на најновите филмски остварувања, како и навраќање на најзначајните синеасти и култни мајстори на магијата наречена филм, се` на едно место, спакувано со посебниот сензибилитет на Симјаноски.

Авторот и водител Ѓоко Симјаноски досега има реализирано 667 емисии од „Филмско око“, што е вистинска реткост во македонската телевизиска индустрија.

 

 

 

 

Dejan | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!