Почетна / Забава / Видео | Пријавување за обука на млади подкастери

Видео | Пријавување за обука на млади подкастери

Сакаш да бидеш поткастер, имаш идеја и ти треба поддршка?

Ова е твојата можност да бидеш дел од бесплатната обука за млади поткастери на ZaSe.mk и Медиум Скопје, со докажани професионалци од телевизија, радио и онлајн медиуми.

Не чекај, пријави се веднаш на [email protected] со дознака „Твоето мислење е важно!“.

Пријавувањето е на начин, така што треба да се испрати кратко видео (до 3 минути) најдоцна до 25.12.2023 година, каде потенцијалниот подкастер ќе коментира на тема од негов интерес, ќе поставува прашања на соговорник или ќе испрати кус забавен видео сегмент со кој ќе се претстави во најдобро светло.

Предавачите ќе ги одберат 10-те кандидати со најголем потенцијал и со нив ќе работат во наредните 2 месеци.

Сите учесници на обуката ќе снимат свој подкаст, а најпопуларниот поткастер ќе добие можност да направи 12 поткаст епизоди, кои ќе бидат продуцирани, снимани и обработени во Подкаст Студио, и објавени на порталот ZaSe.mk и неговите социјалните мрежи.

Право на учество имаат лицата од 15 до 35 години. Помладите од 18 години, треба да побараат одобрение и препорака од своите родители за да се пријават на обуката. За подетални информации погледнете го видеото или пак испратете порака на [email protected].

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филхармонија во парк со „Одисеја 2024“ – музика од филмовите на Кјубрик

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено”, кој ќе …

error: Содржината е заштитена!