Почетна / Серии / Има ли стоп за репризите на Телма? Следна „The loudest voice“

Има ли стоп за репризите на Телма? Следна „The loudest voice“

Подемот и падот на контроверзниот медиумски тајкун на Фокс Њуз, Роџер Ејлс, е суштината на хит серијата „Најсилниот глас“ која ќе се репризира на Телма од 26 септември (понеделник) во 20.20 часот. Во истиот термин беше и премиерно емитувана во април годинава. Што се случува со оваа телевизија? Дали гледачите заслужуваат репризи и репризи постојано?

Серијата „Најсилниот глас“ го прикажува Роџер Ејлс, извршниот директор на Фокс Њуз и Фокс ТВ, како човек без скрупули, човек кој во неговата телевизиска станица може да го менува мислењето без оглед на фактите. Серијата ги допира клучните настани во неговиот живот, вклучувајќи ги неговите искуства со светските лидери како што и започнува неговата кариера, за да заврши со тужбите за сексуално малтретирање на вработените што ќе му упропасти кариерата и положбата во Фокс.


Човекот на кој што американските претседатели Буш и Трамп му должат многу за нивната успешна поличичка кариера и амбицизните новинарки, кои добивале „prime time“ прегу неговиот кревет.
Во моќната интерпретација на Расел Кроу, кој со помош на мајсторите за маски е трансфомиран до непрепознатливот, ќе може да го следите овој агресивен, болно амбициозен и со политика опседнат телевизиски махер.

Во главните улоги, покрај Расел Кроу кој за оваа улога го добива Златен глобус, се Силена Милер, Наоми Вотс и Сет Макфаралн. Креатори на серијата се Том Макрти и Алекс Мекалф.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпионската серија за „Американците“ секоја ноќ на Сител телевизија

Oд понеделник (13 мај) на Сител телевизија во полноќниот термин започнува со прикажување познатата серија …

error: Содржината е заштитена!