Почетна / МК Сцена / Видео | Некст Тајм на „Бубамара“ ја дигнаа Македонија на нозе

Видео | Некст Тајм на „Бубамара“ ја дигнаа Македонија на нозе

Маестрално издание на “Златна Бубамара на популарноста”, која се емитува вечерва ексклузивно на Канал 5 телевизија. За време на телевизиската снимка, гледачите со задоволство уживаа во скечевите на Сашко Коцев, одличните награди и спектакуларните настапи на Танец, Синтезис, Влатко Стефановски, Џокси, Rаде Шербеџија, Јелена Розга, Влатко Лозаноски, Атиџе Муратова, Преспавци итн.

Но, еден од највпечатливите настапи беше оној на бендот „Некст тајм“. Додека младите момци ја пееја „Ја излези Ѓурѓо” коментаторите на „Арена спорт“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ ги повикаа европските шампиони Вардар да ја примат наградата за спортски успех на годината.

Уште еднаш погледнете го видеото и наежете се со изведбата на Ѓурѓа :

https://www.facebook.com/nexttimeband/videos/2892412214131369/?t=150

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Младите Marija и Jayla ги промовираа своите музички дела

Македонската музичка сцена доби две нови музички приказни. Во одлична атмосфера, исполнета со музика, позитивна …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!