Почетна / МК Сцена / Видео | На кого Ајана му порачува „Не ме моли, ќе те боли“?

Видео | На кого Ајана му порачува „Не ме моли, ќе те боли“?

Префинето и со стил кој плени со својата природна убавина, шарм и моќен вокал… Запознајте ја деветнаесетгодишната талентирана Ајана, првиот женски артист во Урбан Рекордс, новото музичко име кое што веруваме ќе прозвучи надалеку. Продукцијата која преферира модерен саунд ни ја представува Ајана во еден нов стил кој не е секојдневен за женските артисти од нашата земја.

Песната „Не ме моли” за која музиката и текстот се на самата Ајана е во трап, РнБ стил. Аранжманот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше на две локации, во “Хелиум Кафе” и во ексклузивниот ресторан/Кафе Бар “Ча Ча” во Скопје.

Ајана со музика започна да се занимава на своја шест годишна возраст свирејќи на пијано, потекнува од музичко семејство и од редовите на музичкото училиште во Куманово, каде и ги остварува првите настапи како соло пејач на училишните концерти.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Се омажи македонската фолк-ѕвезда Стојне Николова

Македонската фолк-ѕвезда Стојне Николова ја изненади јавноста со голема животна вест – таа стапи во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!