Почетна / МК Сцена / Македонските ѕвезди со карантинска изведба на „Чукни во дрво“

Македонските ѕвезди со карантинска изведба на „Чукни во дрво“

Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“.


Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно – здравје, среќа и љубов!

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!