Почетна / МК Сцена / Видео | „Last Expedition” претставија нова верзија на „Шефе” – за XXI век!

Видео | „Last Expedition” претставија нова верзија на „Шефе” – за XXI век!

Конечно, по подолги подготовки, новата верзија на спотот за песната „Шефе” ја здогледа светлината на денот. Култниот хит на „Last Expedition” од втората половина на 90-те, овој пат претставен како „Expedition + пријателите”, е македонско-американско канадска копродукција.

Клавијатурите, миксот и продукцијата се на Давор Јордановски, гитарите на Кире Најдовски, тапанот го удираше Joe Lana Junior, а басот Brad Johnson. Интересниот спот, за вториот живот на „Шефот” го монтираше Благоја Неделковски, според идејата на Енко.

Иако старите верзии на „Шефе (песната и спотот) го имаат култниот статус, актуелниот „Шеф” е Big Boss на 21-от век.

Се потрудивме новата верзија да биде градска, народска, светска и не знам уште што. Али мислиме дека успеавме у све, а патем речено да не ја оштетиме – велат од штабот на „Последната Експедиција”.

Во спотот учествуваа, меѓу другите: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева, но и Фриц, Панки, големиот мајстор за коли Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Кристијан Габроски…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!