Почетна / Забава / Видео | Цеца стана “доктор”, па посочи дека корона вирусот бил ослабнат

Видео | Цеца стана “доктор”, па посочи дека корона вирусот бил ослабнат

Цеца заедно со синот Вељко беа дијагностицирани како позитивни на Ковид-19 пред неколку дена, а затоа што телефонот не престанал да ѝ ѕвони од загрижени пријатели, реши преку видеообраќање да каже дека е добро.

Да не беше ослабнет вирусот, немаше Владата на Србија да дозволи групирање и немаше да гледаме таков натпревар на стадионот ЈНА со 25 илјади публика. Затоа, мислам дека вирусот е многу многу ослабнат, па ги замолувам медиумите да не шират паника – кажа пејачката во своето обраќање кон фановите.

https://www.instagram.com/p/CBVjX-6DYNE/

Од кога една контроверзна пејачка станува експерт за корона вирусот во период кога бројот на заразени на светско ниво е поголем од било кога?

Српските здравствени власти очигледно е дека треба да реагираат кон вакви “експерти” кои креираат јавно мислење за нешто толку сериозно како што е вирусот Ковид 19.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

error: Содржината е заштитена!