Почетна / Серии / Вестерн драмата „The Son“ со Пирс Броснан во редот репризи на Телма

Вестерн драмата „The Son“ со Пирс Броснан во редот репризи на Телма

Сложена приказна за честа и семејството. За вредностите кои ги почитуваме. Секој што ги напаѓа, плаќа мошне висока цена. Семејна драма што се одвива цели 150 години во Тексас.

Оваа серија мошне лично ни покажува како немилосрдната желба за моќ има големи последици во неколку генерации на семејството МекКалоу. Илај МекКалоу е лидер на патријархот во семејството, лик во интерпретација на познатитот Пирс Броснан. Илај од добродушен, харизматичен и невин доселеник, ќе се претвори во пресметлив насилник кој што на Дивиот запад ќе изгуби сè.

Потоа од темел ќе создаде нафтена империја која ќе му донесе големо богатство.

Вестерн серијата е снимена според истоимениот бестселер на Филип Мејер, предложена е за наградата Пулицер и е една голема сага што ја прати ова семејство.

 

Тексас… во средината на 19 век. Одземајќи ја земјата на Индијанците, со масовното доселување на Американците, семејството МeкКалоу предводена од Броснан – фасцинантно ќе ја понесе атмосферата на приказната од почетокот до крајот. Од друга страна, војната помеѓу Мексико и Соединеттите Држави е една сурова, насилна и фаццинанатна приказна…

Тексас, со убавата и отворена природа, периодот помеѓу 19-от и 20-век со новите технологии, но и трагите на минатото… Tоа е период на транзиција каде што ќе експлодира сударот на генерациите.

Во главните улоги ги гледаме Пирс Броснан, Паола Нуњез, Џејкоп Лофланд и Хенри Гарет.

“Синот” -американска вестерн драмска серија од понеделник до петок репризно на Телма во 22.00 часот во 20 продолженија и снимена од 2017 до 2019 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напнатата британска трилер серија „Лажго” од овој викенд на Сител

Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега …

error: Содржината е заштитена!