Почетна / Сапуници / Величествениот се враќа на Сител во трилер серијата „Вавилон“

Величествениот се враќа на Сител во трилер серијата „Вавилон“

Сабота и недела на Сител во 22.30 часот ќе се емитува турската трилер серија која на едно место ги собра ѕвездите од Величествениот, Црно бела љубов и Истанбулската невеста.

Ирфан e професор по економија на престижен универзитет. Успешен и идеалист, добар сопруг на Еда, добар татко за малиот Дениз, совесен граѓанин во општеството во кое живее и работи. Меѓутоа, неговиот скромен живот одеднаш се превртува наопаку.

Еден ден тој е отпуштен од работа поради лажна клевета од колега, по што судот му ги блокира сите сметки. Згора на тоа, на неговиот син му е дијагностициран тумор на мозокот кој бара скап третман. Сега, Ирфан и неговата сопруга се соочуваат со уште една пречка. Тие треба да соберат пари за многу кратко време за нивниот син да може да има успешна операција.

За да најде пари потребни за операцијата, Ирфан аплицира за бројни работни места, но секаде е залудно поради истрагата која се води во моментот против него. Во исто време, тој побарува позајмици од своите пријатели, но сите врати му се заклучуваат пред лице и тоа една по една.


Ирфан и Еда се наоѓаат во очајна ситуација. Немаат пари, немаат пријатели, немаат имот. Токму во тој момент тие добиваат помош од нивниот пријател од детството, Егемен кој е лукав и опортунист, нудејќи им позајмица од лихварот Сулејман.

Но, Ирфан и Егемен смислуваат опасен план со недвижнини со кој ќе го измамат Сулејман и ќе го спасат семејството од финансиска пропаст. За кратко време стануваат богати, организирајќи пирамидална шема која веднаш станува најголемата финансиска измама во Турција на сите времиња.

Измамата на векот се игра во заплеткана мрежа од долго закопани тајни помеѓу Ирфан, неговата сопруга, неговиот пријател и неговата поранешна свршеница. Игра во која изборот е еден – да се победи противникот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миран од „Дива“ се враќа во нова урнебесна комедија на Канал 5

“Луда Куќа”, нова семејна комедија на Канал 5 телевизија. Додека ги следите последните епизоди од …

error: Содржината е заштитена!