Почетна / Сапуници / 2 години затвор за бившата на Фират од „Малите сонца“

2 години затвор за бившата на Фират од „Малите сонца“

Турскиот актер Берк Октај минатата година го следевме во улогата на Чагатај во “Забрането јаболко” (Канал 5) и во романсата “Љубов и оган” (Клан М), претходно и во “Има ли надеж” (Канал 5), а сега е повторно актуелен со главната улога во новиот вечерен хит на Сител, “Малите сонца”.

41 годишниот турски актер и манекен и во новата серија толкува улога на згоден и храбар бизнисмен, а пред некое време приватно успеа да го добие судскиот спор со неговата бивша жена, Мерве Шарапџиоглу.

Имено, судот ја осуди неговата бивша на две години затворска казна поради објава на интимни фотографии од нејзниот тогашен маж на социјалните мрежи.

Судот процени и дека жената во текот на процесот лажела дека Берк ја злоставувал затоа што фотографијата која ја објавила била направена по нејзината пластична операција каде јасно се гледа дека “повредениот” нос е резултат на оперативен зафат, а не на насилство.

Фират од “Малите сонца” е задоволен од одлуката на судот затоа што конечно неговиот образ ќе биде обелен пред неговата верна публика како во Турција, така и во другите земји меѓу кои и Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Одблиску со Јованка и Елена од „Балканска приказна“

Серијата која во моментов се прикажува на Сител со нејзините последни епизоди, предизвика голем интерес …

error: Содржината е заштитена!