Почетна / Сапуници / Турскиот Бред Пит се враќа на Канал 5 во драмската серија за „Браќата“
Oд понеделник до петок на Канал 5 - турската серија за "Браќата"

Турскиот Бред Пит се враќа на Канал 5 во драмската серија за „Браќата“

“Браќата” е турска серија, базирана на американската мини серија “Богат човек, сиромашен човек” и на новелата “Џевдет бег и неговите синови” на нобеловецот Орхан Памук. Серијата зборува за двајца браќа Кузеј и Ѓунеј, а е снимана од 2011 до 2013 година.

Главните улоги ги толкуваат Бугра Гулсој и добропознатиот Киванч Татлитуг (Ѓумуш, Љубов и одмазда, Притаени страсти, Украдено минато). Серијата има добиено многу награди меѓу кои оние за најдобра серија и актер на Галатасарај Универзитетот, Универзитетот во Измир, најдобра музика според Техничкиот истанбулски универзитет, најдобар актер на наградите за “Златна пеперутка”, најдобра споредна актерка на ТВ награди, итн.

Ова е приказна за двајца браќа, синови на турски пекар кои се потполна спротивност како што се северот и југот, како што се небото и земјата.

Кузеј е енергичен, бунтовен, темпераментен, бестрашен, правдољубив и нетрпелив. Кога повеќе нема што да се каже, тој зборува со тупаници. Поради тоа, постојано е во некоја неволја уште од детството.

Спротивно на него, Ѓунеј е смирена, трпелива, разумна и вредна личност. Во нивното маало се доселува Џемре, убава девојка во која и двајцата браќа се заљубуваат, и бунтовникот Кузеј и едуцираниот Ѓунеј. Кузеј збеснува кога дознава дека неговиот брат Ѓунеј прв успеал да ја фати девојката.

Животите на браќата се менуваат кога по игра на случајноста ќе учествуваат во една сообраќајна несреќа во која умира еден човек. Ѓунеј ја возел колата, меѓутоа вината ја превзема Кузеј кој оди во затвор на три години. По три години, тој излегува од затвор, се враќа дома, но некои работи комплетно се промениле.

Неговата сакана сега е во врска со неговиот брат, а за Кузеј не преостанува ништо друго освен да ја започне својата одмазда кон брата си обвинувајќи го за сите несреќи и неправди кои му се случиле. Тајната за која никој не смееше да зборува ги раздели двајцата браќа, но истата таа тајна сега повторно ќе треба да ги обедини.

Улоги : Kıvanç Tatlıtuğ (Кузеј), Buğra Gülsoy (Гунеј), Öykü Karayel (Џемре), Bade İşçil (Бану), Hazar Ergüçlü (Симај) и др.​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес не смее, но порано и во турските серии имало „скокотливи“ сцени

Ако во денешно време, Турската радиодифузна агенција забранува секаков вид на сцени во кои се …

error: Содржината е заштитена!