Почетна / Сапуници / Нашиот Тони Михајловски ќе глуми во нова српска сапуница

Нашиот Тони Михајловски ќе глуми во нова српска сапуница

По “Вистини и лаги”, “Игра на судбината” и “Тркало на среќата”, Прва српска телевизија продолжува со уште една потенцијална успешница за новата ТВ сезона. Од септември на Прва ќе започне “Од јутра до сутра”, адаптација на аргентинската телекомедија “Los exitosos Pells” (своевремено откупена од А1/А2 телевизија, но неемитувана поради згаснувањето на медиумот).

Она што е интересно за македонските гледачи е што дел од екипата е и нашиот Тони Михајловски (како Раде) кој веќе започна да се пробива на српскиот пазар со улоги во нивните серии. Ова ќе биде прва негова улога во теленовела, а како ќе се снајде, ќе видиме веќе од септември.

Среќно, Тони!

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек се последните епизоди од „Семејството“ и „Децата од улицата“

Драматичните хит серии „Семејството“ и „Децата од улицата“ на чекор до самиот крај. Оваа седмица …

error: Содржината е заштитена!