Почетна / Сапуници / Тинејџерската драма „Нов почеток“ во 19:45 часот на Канал 5

Тинејџерската драма „Нов почеток“ во 19:45 часот на Канал 5

Многупати животот дава шанса за нов почеток. Така и за гангстерот Емин, бестрашниот насилник од Анкара кој оди во полициска станица за да стане таен сведок и да ги открие сите валкани работи што се случуваат.

Во замена за давање информации за мафијашките водачи и докази за затворање на сите криминалци во подземјето, тој сака сака втора шанса за еден нов почеток, односно полицијата да гарантира за негова безбедност. Според нивниот договор, Емин ќе треба да започне нов живот во Истанбул како наставник по географија во средно училиште и притоа да се однесува како сопруг на полицајката Сонѓул.

Сонѓул е успешна полицајка во Одделот за јавна безбедност. Нејзе не ѝ се допаѓа идејата да го придружува Емин и да се однесува како негова сопруга, но ја прифаќа оваа должност бидејќи сака да ги пронајде виновниците кои стојат зад смртта на нејзините родители и да ја разоткрие цела мафија.

За овие двајца луѓе започнува ново патување. Емин добива нов идентитет и станува Сади Пајасли. Тој оди во Истанбул заедно со Сонѓул и почнуваат да живеат во истата куќа, преправајќи се дека се брачен пар. Сади се труди најдобро што може правилно да ја искористи својата втора шанса и почнува да работи како наставник по географија.

Животот на Сади Пајасли (Емин) се вкрстува со пет млади осуденици од поправниот дом кои добиле шанса да се искупат за тоа што го направиле. Мерт, Џан, Зулфикар, Ајлин и Мелек се пет млади ученици избрани за пилот-проект. Овие пет деца ќе добијат втора шанса, ќе имаат корист од условна казна, ќе се вратат во своите домови и ќе одат во истото средно училиште.

Приказната станува покомплицирана кога Сади ја среќава својата прва љубов Дерја во Истанбул. Сади и Дерја се забавувале пред 17 години, а Сади морал да ја прекине оваа врска поради неговото валкано минато. Иако се разделиле одамна, Дерја сè уште е вљубена во Сади.

Дерја го родила бебето на Сади и го одгледала своето бебе сосема сама. Иако Мерт е син на Дерја, тој не го знае овој факт. Мерт мисли дека неговите родители починале и дека живее заедно со својата постара сестра Дерја. Исто така, ни Сади не знае дека има дете кое всушност е ученик во школото каде работи.

Од понеделник до петок на Канал 5 во 19.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија, турските серии одат и сабота и недела на националните тв

Српските телевизии убедливо водат по број на емитување на турски серии во целиот регион. Па …

error: Содржината е заштитена!