Почетна / Филм / „The way, way back“, урнебесна комедија на 15 јануари на Телма

„The way, way back“, урнебесна комедија на 15 јануари на Телма

Урнебесна, топла комедија за растењето, сместена во жестоко лето кога границите за едно момче се менуваат. Недела, 19.45 часот, Телма.

Срамежливиот 14-годишен Данкан оди на летен одмор со својата мајка, нејзиниот препотентен дечко и ќерката на нејзиното момче. Имајќи потешкотии да се вклопи, Данкан наоѓа неочекуван пријател, Овен, менаџер на водениот парк Water Wizz.

Данкан (Лиам Џејмс) не е популарно дете и се чини дека летото нема да понуди нешто подобро за него. Момчето на неговата мајка ги поканило во неговата куќа на плажа каде се очекува Данкан да ја подобри својата личност и физичкиот изглед, но и да запознае девојки. Данкан талка во Water Wizz, локалниот воден парк и сретнува некој од вработени кои се забавуваат.

Овен (Сем Роквел) му дозволува на Данкан да работи со него, а нивното новооткриено пријателство ќе помогне да созрее и да го најде своето место во животот. Тоа за Данкан значи да се соочи со предизвиците, да разговара со девојката од соседството и да се чувствува подобро во сопствената кожа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сабота, 14 јануари, Телма | Романтичната комедија „What is love“

📅 сабота, 15 јануари ⏰ 19:35 – Што е љубов? На Денот на вљубените, додека …

error: Содржината е заштитена!