Почетна / Телевизија / Х Фактор / Одбројувањето започна, 10 дена до „Х Фактор“!

Одбројувањето започна, 10 дена до „Х Фактор“!

 

Одбројувањето започна, а жирито во состав Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ, Кики Лесендриќ и Кристина Ковач одлично се снајде. Судиите на ова музичко шоу ќе имаат свој гостин ментор, па затоа Кристина Ковач реши да ги превземе работите во свои раце и најбрзо да дојде до најдобриот – лично Сајмон Коуел, сопственикот на „Х Фактор“.

 

 

Имено таа, на шармантен начин, низ шега му напиша на Сајмон Коуел на Твитер, лобирајќи токму тој да биде нејзин гостин судија и на тој начин е во предност пред нејзините колеги од жирито. Кристина Ковач е среќна што е во улога на жири во шоуто „Х Фактор“ што на 29. октомври ќе почне да се емитува на Сител.

 

Таа вели дека ќе биде правична кон натпреварувачите.

– Фан сум на „Х Фактор“ особено англиската верзија. Минатата година со големо интересирање го следев шоуто, навивав за мојот фаворит, уживав во настапите во живо. Мислам дека мојата страствена природа полна со ентузијазам ќе им помогне на луѓето чиј ментор ќе имам чест да бидам. Ќе се борам за талентот како лавица.

Што е тоа Х фактор?

– Тоа е спрега на доволен пејачки талент со изглед, сценски настап и неопиплива енергија што ја носи човекот на сцена. Важно е кандидатите да имаат идентитет, не е поентата во тоа да бидат крпени кукли со кои некој ќе управува, туку луѓе со чувства што ќе можат да ги пренесат низ настапот.

Какви се кандидатите?

– Задоволна сум со талентот што го видовме кај најдобрите кандидати. Имаме доволно за да имаме квалитетно шоу во фазата на живи настапи. Ги делам на три нивоа – феноменални, многу добри и неадекватни. Во последната група спаѓаат кандидати во широк распон – од оние кои немаат слух до оние кои имаат глас и стас, но во нивниот настап и појава им фали магија.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …