Почетна / Телевизија / Телма телевизија вработува новинари за деск и за веб сајтот

Телма телевизија вработува новинари за деск и за веб сајтот

ТВ Телма вработува новинари на работна позиција деск и новинар на веб страната www.telma.com.mk. за потребите на информативната редакција на телевизијата.

Заинтересираните новинари со искуство или почетници може да конкурираат со испраќање на кратка биографија и контакт-информации на електронската адреса: [email protected]

Кандидатите треба да имаат искуство во новинарството и потребни дигитални вештини за работа во деск односно на веб сајт (познавања на основни компјутерски програми како Office word и WordPress).

Потребно е одлично познавање на македонскиот литературен јазик, како и вештина за читање на новинарски прилози и содржини. Пожелно е солидно познавање на англиски јазик, а предност е и познавање и на други јазици.

Почетниците треба да имаат завршено студиска група по новинарство на Универзитетите во Македонија или сродни наставни програми односно Факултети за новинарство доколку студирале во странство.

Кандидатите треба да имаат искуство со работа во тим, како и иксуство за работа со креирање на содржини во определен временски рок.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 вработува млади новинари со или без работно искуство

ТВ 24 има потреба од млади новинари во својот тим, кои може, но и не …

error: Содржината е заштитена!