Почетна / Серии / Телма со дневна реприза и на серијалот за најголемите светски мистерии

Телма со дневна реприза и на серијалот за најголемите светски мистерии

Можните објаснувања за некои од најзбунувачките настани во светот во нова едночасовна документарна серија која ги испитува врвните теории околу најенигматичните нерешени мистерии во светот.

Исчезнувањето на Д.Б. Купер, потонувањето на Титаник, инцидентот со НЛО во Розвел и судбината на Џон Вилкс Бут по атентатот на Линколн се само дел од овие мистериозни настани.

Домаќин и раскажувач е, номинираниот за Оскар и добитник на наградата Еми, Лоренс Фишбурн.

Секоја епизода ги расветлува овие загатки со помош на врвни историчари, автори, научници и истражувачи. Од нерешени злосторства до изгубени и закопани богатства, смрт и исчезнување на познати личности.

Најголемите мистерии во историјата – репризно на Телма, од пон до петок во 13.45 часот.

Дани | Телма

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови истраги на Телма – следна е британската серија „Светло во мракот“

Пред осумнаесет години, 15-годишната Ела Робертс исчезнува од Ланемелин, мало гратче во Велс. Младиот Џо …

error: Содржината е заштитена!