Почетна / МК Сцена / Витка става и блескав фустан : Тамара Ангеловска ја прослави матурата

Витка става и блескав фустан : Тамара Ангеловска ја прослави матурата

 

Прекрасната македонска пејачка Тамара Ангеловска која зад себе има низа награди и освоени титули, годинава матурираше во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ на отсекот флејта.

 

 

Изборот за фустан на матурската забава Тамара им го остави на професионалците, а од фотографијата која ја објави на својот Фејсбук профил може да се забележи дека одлично и прилега.

 

 

Таа е млада и амбициозна пејачка која буквално блеска на сцената, а своето образование ќе го продолжи во Романија.

– Образованието ќе го продолжам на еден од најпрестижните факултети за музика во Букурешт, Романија. Наградите што ги добив на повеќе меѓународни фестивали ме охрабрија комплетно да ~ се посветам на музиката и мислам дека моето време допрва доаѓа – вели Ангеловска. 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!