Почетна / Забава / TalkShow со специјални гости на Саем на Жена

TalkShow со специјални гости на Саем на Жена

 

Ексклузивно TalkShow со специјални гости предводено од динамичната Весна Петрушевска – Бејби

Саем на Жена и оваа година Ви овозможува да бидете дел од едно феноменално TalkShow на тема  Современата жена во Македонија и сексот, кое ќе го предводи динамичната и секогаш оригинална Весна Петрушевска-Бејби, која е одличен пример за тоа што значи денес да се биде успешна и современа жена без општествени стеги и влакна на јазик.

Гостите ќе имаат можност да го искажат своето размислување за современата жена, дефиницијата за тоа што значи да се биде таква жена и дали сеуште сексот и во 21 век кај современите маж/жена претставува табу тема? Заведување, секс игри, трикови во кревет и се останато што е дел од современиот начин на живот на жените и една сосема нормална потреба на сите луѓе.

Бидете и вие дел од ова скокотливо, провокативно, пред се едукативно и информативно шоу во кое нашите гости Нора Шакири,  Виктор Петров – Виксаи Др. Вера Јовановска-психолог дефинитивно ќе допрат многу интересни теми и ќе го задржат максимално вашето внимание! Се гледаме на  Саем  на Жена, 8 декември (сабота) со почеток во 19 часот на Скопски Саем (3та хала).

За повеќе информации посетете ја веб-страницата: www.saemnazena.mk

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!