Почетна / МК Сцена / “Д Фестивал” со Stereo MCs и Ареа на 26 јули во Дојран

“Д Фестивал” со Stereo MCs и Ареа на 26 јули во Дојран

 Познати имиња од домашната и светската музичка сцена не очекуваат на Д Фестивал кој веќе четврта година се одржува на паркингот Гранит во Дојран.

Најголемо изненадување на вечерта се едни од најуспешните и најдолговечни британски хип-хоп артисти, величенствените „Стерео ем-сис“ кои ќе го претстават во Дојран своето денс-музичко шоу кое важи за едно од најдобрите на планетата. Подготвени да им понудат на фановите сосема поразлично искуство, групата составена од Роб Бирч , Ник Халам и драменбејс артистот Ем-си „Фајв Алајв“ го претставуваат диџеј сетот исполнет со електро хаус, британски бејс, хаус, стари и нови „Стерео Ем-сис“ аранжмани.

Д ФЕСТИВАЛ го има задоволството да биде домаќин и на препознатливиот бунтовен звук и социјално ангажирана музика на „Бернајс Пропаганда“. „Бернајс Пропаганда“ своите длабоки корени ги има во „DIY“ хардкор сцената, зад себе има одржано повеќе од 300 концерти ширум светот, а во мај годинава ја заврши и својата прва голема музичка турнеја низ САД со повеќе од 40 концерти. Нивниот настап на бината на Д ФЕСТИВАЛ ќе биде одлична можност покрај другото да го чуеме и материјалот од нивниот последен албум „Забранета планета“.
Дел од изведувачите ќе бидат и популарната рок група Ареа и хип хоп составот Дивизија.

 

 

“Дивизија” го објавија својот нов албум „Втора шанса“ во април годинава, а наскоро се очекува и објавувањето на посебниот проект на Хроник заедно со Ел’Борачо (El’Borracho) од „Да Титаниум“ (Tha Titanium) насловен „Од каде доаѓам“.

Севкупно собрано, не очекува одлична забава со греми великани, хип хоп колектив, македонски рок легенди и пост панк состав кои никого нема да остават рамнодушен.

 

 

Влезниците за Д ФЕСТИВАЛ 2014 се веке пуштени во продажба, а за сите посетители постои и организиран превоз со Македонија Сообраќај. СКОПЈЕ-ДОЈРАН-СКОПЈЕ – 450 ден (02 3292155)

Продажни места: Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија. Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Кафе Круг, Кафе Браво, Мезе бар — Скопјанка, Кафе Амнезија — Тетово, Алпине Спорт – Тетово, Тобако – Охрид, Сендвичара Џина – Дојран, Kafe Cream – Гевгелија, Sub Club ( Ex – U Pabo) – Струмица

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момците од „Либеро бенд“ најавуваат нова песна со видео запис

Интересен  и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од …