Почетна / Филм / Шпанската црна комедија „Убиј го Бог“ на 6 август на Телма

Шпанската црна комедија „Убиј го Бог“ на 6 август на Телма

Дејството на филмот „Убиј го Бог“ се одвива во изолирана куќа на село за време на новогодишната ноќ: Карлос и неговата сопруга Ана ги канат братот и таткото на Карлос да ги поминат празниците со нив во изнајмена куќа. Како што започнува прославата, на прагот се појавува чудно бездомно џуџе, што ги зголемува веќе постоечките семејни тензии.

Непознатиот гостин тврди дека е Бог и најавува дека целото човештво ќе исчезне во зори со исклучок на двајца преживеани – кои ќе ги изберат присутните на вечерата. Но, дали џуџето е навистина Бог и дали претстојната апокалипса е вистинска? Ова е црна комедија за моралот, љубовта, неверството и религиозните верувања.

Телма, петок, 22 и 15 часот, шпанска хорор комедија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!