Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Со Канал 5 и Аурора ќе патуваме и сонуваме во Анталија

Видео | Со Канал 5 и Аурора ќе патуваме и сонуваме во Анталија

Во сабота во 17 часот и репризно во недела во 16 часот на Канал 5 ќе се емитуваат репортажните емисии од Анталија, Турција.

Овој и наредниот викенд уживајте во градот сокриен под прекрасните плажи, луксузни хотели кои ви нудат сѐ што ќе посакате, но и во историските знаменитости кои ќе ја задоволат вашата желба да научите нешто ново.

Анталија, градот во кој се измешани историја и култура, го заслужува називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат. Денес овој град живее во златното доба, бидејќи е трансформиран во културно и историско средиште со тематски хотели кои ја „претставуваат“ Венеција или катедралите во Москва. Тука се уште можат да се видат траги од византиската, римската и селџучката архитектура.

И овојпат, низ емисиите на “Патуваме сонуваме со Аурора” ќе не води Тања Трајковска.

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/2999356656769209/?t=0

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Критиката е добра работа да те освести – отец Пимен во „Нешто конкретно“

Помеѓу Ресен и Малме каде му е седиштето на Митрополтот европски Пимен, тој го одбира …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!