Почетна / Забава / Евровизија / Словенија одлучи : Не се враќаме на јуниорската Евровизија

Словенија одлучи : Не се враќаме на јуниорската Евровизија

Јавниот сервис на Словенија RTVSLO потврдува дека нема да се врати на Јуниорската Евровизија која по третата победа на Франција, сепак ќе се одржи во Шпанија. Словенечката телевизија потврдила дека проектот е прескап за попладневниот термин на националниот сервис. Ова е потег кој е оправдан, бидејќи главната Евровизија е во ударен термин чини повеќе, но и носи поголема заработка.

Македонската ТВ пак смета дека е поисплатливо да се настапи на јуниорската Евровизија и е меѓу првите шест земји кои го имаат потврдено учеството за оваа година, а втора година по ред не учествуваат на големиот спектакл оваа година во Малме, Шведска.

Словенија само 2 пати учествувала на јуниорската Евровизија во 2014 и 2015 и се повлекла во 2016 година поради промена на правилата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тик ток сензацијата Teya Dora ќе ја претставува Србија на Евровизија

Тик ток сензацијата Татјана Павловска од Бор или Teya Dora, позната по хит баладата “Џанум”, …

error: Содржината е заштитена!