Почетна / Живот / Скопска премиера на претставата „Драги уметници“ во театар „Чекори“

Скопска премиера на претставата „Драги уметници“ во театар „Чекори“

На 8 јуни (четврток), со почеток од 20:00 часот, театарот „Чекори” премиерно пред скопската публика ќе ја изведе својата нова претстава „Драги уметници”, во режија на Маја Ѓурчевска.
Претставата спаѓа во жанрот крими-комедија и е спој од две едночинки, експериментално поставени во една целина. Пред десетина дена за првпат беше изведена на фестивалот ДАФ во Кочани, каде што освои три награди.

Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Тамара Стојановска, Никола Димевски, Давид Димоски и Михаил Митевски.
Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов”, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по цена од 150 денари.
Со своето 49 годишно постоење Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | „Притисни“ поинаков избор од говорот на омраза

На скверчето кај КИМ, на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, денеска e поставена уметничка интервенција …

error: Содржината е заштитена!