Почетна / Забава / Skopje Calling 2020 на 12-ти септември open-air на стадионот АРМ

Skopje Calling 2020 на 12-ти септември open-air на стадионот АРМ

За петтото јубилејно издание на SKOPJE CALLING Festival кое ќе се одржи на 12-ти септември на стадионот на АРМ- open air, Авалон се реши вниманието да го насочи кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена.

Бирајќи внимателно, создадоа оргинална и избалансирана комбинација на креативност, свежина и традиција…, со други зборови, на SKOPJE CALLING 2020, MACEDONIA’S FINEST EDITION, оваа година ги имаме: Foltin, Last Expediton, Pluto’s Doubts и surprise act за кој дополнително ќе ве известиме.

Pluto’s Doubts се тука да ни ја пренесат новата шармантна скопска авангарда, Last Expedition да ни покажат на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и да не’ потсетат што значи да се биде ,,добрата стара школа”, а FOLTIN, со Late Night Cabaret Performance да ни покажат, барем на час и половина, како е да се живее младешки без обѕир, раскошно, блудно и некомерцијално.

За крај, објектот на изненадување е една млада, експлозивна, препознатлива фела која е истовремено и дефинитивен домашен лидер на live сцената. Како приказнава би останала слатка и примамлива- нивното официјално откривање, Авалон го остава за 31-ви август.

Со ваква енергија ве чекаме на 12ти Септември на АРМ стадион, на ексклузивниот late night cabaret set кој нашите ФОЛТИН го спремаат за овогодинешното издание на SKOPJE CALLING! 💃🏽🕺🏼Билетите се веќе во продажба на avalon.mk, Avalon Music & Ticket store и продажната мрежа на Авалон низ Македонија.Само дома си е дома!

Gepostet von Avalon Produkcija am Donnerstag, 27. August 2020

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 600 денари и истите можат да се набават на avalon.mk, нашата продажна мрежа, како и во Avalon Music & Ticket store во ГТЦ.

Се разбира дека и овој настан, исто како претходните, ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

error: Содржината е заштитена!