Почетна / Филм / СФ акционен трилер и белгиски трилер вечерва на Телма

СФ акционен трилер и белгиски трилер вечерва на Телма

Во празничните денови, следуваат премиери на филмски хитови на Телма. Вечерва, веднаш по еротскиот трилер “Passion”, ќе се емитува “24 часа живот”, научно-фантастичен акционен трилер филм од 2017 година во режија на Брајан Смрц и со Итан Хок, Ксу Кинг, Пол Андерсон, Лиам Канингам и Рутгер Хауер во главните улоги.

Тревис Конрад е поранешен елитен војник, потресен од неодамнешната трагична смрт на неговата сопруга и син. Kога неговиот стар соборец Џим Мороу се појавува со понуда што не може да ја одбие – можност да се одмазди на криминалниот синдикат оговорен за смртта на семејството.

Работите тргнуваат наопаку и тој е застрелан од агент на Интерпол, Лин Бисет. Но, токму кога ќе помислиме дека е готово за Тревис, тој се буди во операционата сала и неговото тело грчевито се враќа во живот, како дел од експерименталната медицинска процедура „Црвена планина“, која ќе му даде уште 24 часа живот …

А потоа, во 2 часот по полноќ премиера на белгискиот трилер “Сенка на сомнежот”.

Давид е среќен млад татко. Тој има жена што ја сака, две прекрасни мали деца и тесно поврзан круг на пријатели со кои тој и неговото семејство секогаш заминуваат на одмор.

Меѓутоа, по враќањето од нивното последно патување во Восгес, Давид е приведен на испрашување во полиција како дел од истрагата за убиство. Набргу, истрагата открива дека не е сè како што изгледа зад среќната и угледна надворешност на животот на Давид. Дури и кога неговиот најдобар пријател Ноел и неговиот адвокат Марко, ќе застанат покрај него, во неговата околина почнува да се шири сомнежот и почнуваат да се формираат групи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра …

error: Содржината е заштитена!