Почетна / Сапуници / Кој умира, а кој преживува во финалето на оваа сезона од Јаболкото ?

Кој умира, а кој преживува во финалето на оваа сезона од Јаболкото ?

Вечерва на Канал 5 телевизија ќе биде емитувана последната епизода од оваа сезона на феноменталното “Забрането јаболко”. На самиот крај, следува повторно неочекувана пресвртница и шок што никој не можел ниту да го претпостави ниту да го замисли.

Скандалите не сопираа од самиот старт, а пресвртите беа она што го издигна “Забрането јаболко” на пиедесталот на престиж, моќ и авангарда.

И сега, повторно збогување со вашите омилени ликови, затоа што следува крајот на сезоната.

И токму таму, на самиот завршеток, се најавува несреќа која без сомнеж ќе ги промени повторно животите на буквално сите.

И токму таму, во самото финале од петатта сезона, се навестува трагедија која ќе донесе крај за некои од вашите најомилени јунаци и ќе ве остави во исчекување до следната сезона.

Чагатај, Јилдиз и Ендер во автомобил, кој е на пат да доживее голема несреќа.

Несреќа, предизвикана од Доган, кој не ни очекуваше дека Јилдиз може да биде на истото место и во истото време со неговите ривали, Ендер и Чагатај.

За кого гламурот ќе продолжи и понатаму, а кој никогаш повеќе нема да го вкуси забранетото јаболко? Кој од ликовите умира, а кој продолжува да жари и пали во екстравагантната босфорска драма?

Вечерва на Канал 5 со почеток од 19.20 часот, не пропуштајте да му кажете засега збогум на вашето најомилено “Забрането јаболко”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!