Почетна / Филм / Божиќен ден на Телма со француски семејни филмови

Божиќен ден на Телма со француски семејни филмови

7 јануари, 10.30 часот – “Детето и лисицата”

Некаде во планинскиот регион во источна Франција, едно десетгодишно црвенокосо девејче, возејќи го својот велосипед на пат кон училиште, решава да го скрати патот и да помине низ шумата. Неочекувано, таа наидува на црвена лисица со светли очи, но нескротливото диво животно за миг бега.

Кај девојчето останува надеж за повторна средба. Откако ќе помине целата зима, сè уште нема трага од лисицата, но со доаѓањето на пролетта, таа успева да го пронајде животното и се создава една пријателска врска помеѓу човек и диво животно.

7 јануари, 10.30 часот – “Моето семејство и волкот”

9-годишниот Хуго летните одмори ги поминува со своите братучеди и баба му Сара. Кога дознаваат дека волкот доаѓа да ја земе, децата се мобилизираат да ја спасат својата баба и да се впуштат во незаборавна авантура.

7 јануари, 16.15 часот – “Подемот на тигарот”

Младо момче открива тигар во кафез, во близина на неговиот дом во шумата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!