Почетна / Сапуници / Сезоната на цреши нѝ носи нова серија за вљубениот ерген на Сител

Сезоната на цреши нѝ носи нова серија за вљубениот ерген на Сител

Нова вечерна релаксација со нова романтична комедија на малите екрани. Секоја вечер на Сител ќе ја следите “Наследници”, популарна играна серија која го повтори успехот на “Вљубениот ерген” и “Сезона на црешите”. Уште една топла приказна за магичната љубов на двајца млади. Љубов која се роди по грешка, сосема случајно и неочекувано.

Нејзината мајка договарила состанок на слепо за нејзината ќерка… но и неговата мајка го прави истото за него. По игра на случајноста, една ноќ, Лале и Онур се запознаваат и од тогаш започнува нивната незаборавна и комична авантура.  Таа луда ноќ ќе ги зближи младата цвеќарка и згодниот наследник и токму таа ноќ засекогаш ќе им ги промени животите на двајцата.

Не пропуштајте да се насмеете со Лале, Онур и нивните семејства кои ќе ни приредат весела пролет со незаборавни доживувања. Наскоро, очекувајте ја новата семејна забава –  “Наследници” на Сител телевизија!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува епохалната хит драма „Далеку од дома“ на Сител

Oд понеделник (7 октомври), на Сител телевизија продолжува со емитување историската воена драма “Далеку од …