Почетна / Серии / „Шифра Деспот“, серијата на Пинк од сега и на Алфа во 23:15 часот

„Шифра Деспот“, серијата на Пинк од сега и на Алфа во 23:15 часот

Новата српска хумористична серија “Шифра Деспот” започнува на Алфа телевизија. Од понеделник до петок во 23.15 часот, веднаш по “Долина на волците” ќе ја следите најновата продукција на Пинк. Ѓорќе Марковиќ, Радослав Миленковиќ, Бранка Шелиќ, Љиљана Стјепановиќ, Тамара Крцуновиќ, Маријана Миќиќ и други се дел од актерската екипа на оваа елегична социјална комедија сместена во амбиентот на српската метропола, но подеднакво и во автентичните српски предградија, села и сокаци.

Деспот Деспотовиќ е главниот јунак, доста талентиран, но несмасен компјутерски програмер. Неговиот татко е Живота, пензиониран полковник, а Руменка е мајката на Деспот, кондуктерка во инвалидска пензија. Настојувањето на главниот лик да преживее и да обезбеди сопствена егзистенција како единствен вработен во својата софтверка куќа “Despot & Co” во секоја од епизодите ќе го води него, но и гледачите на најразлични локации и социјални средини…

Деспот и семејството Деспотовиќи ќе ги гледаме како се снаоѓаат во фитнес центар, на фарма, во болница, фабрика, адвокатска канцеларија, во невладини организации, политички партии, спортски клубови, обложувалници, банки, училишта, модни салони, училишта за танц, старачки домови итн.

“Шифра Деспот” го отсликува времето во кое живеат овие балкански земји кои уште се соочуваат со сиромаштија и борба за егзистенција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По успехот во Македонија, „Преспав“ ќе се емитува и во Бугарија

Најпопуларната македонска телевизиска серија започнува да реди нови успеси. По одличната прифатливост од страна на …