Почетна / Сапуници / По барање на гледачите, „Луда куќа“ од сега во 17 часот на Канал 5

По барање на гледачите, „Луда куќа“ од сега во 17 часот на Канал 5

Нови авантури во животот на Асланови. Нови згоди и незгоди на ликовите во “Луда куќа”.

Урнебесните ситуации продолжуваат на Канал 5, но во нов премиерен термин – од понеделник до петок во 17.00 часот.

Доаѓањето на младата девојка во далечното село го смени животот на семејството Асланови.


Тоа е едно големо и весело семејство, на чиј чифлик живее Ведат со со неговата мајка Хајрије, сопругата Хатиџе и четирите сина, четирите аслани.

Ведат е фармер, додека неговата сопруга Хатиџе е домаќинка која исто така работи на чифликот, одгледувајќи кокошки и зеленчук.


Најстариот син Гајрет работи како радиолог и е зависник од чистење. Поради неговата претерана педантност, тој не може да успее да задржи било која девојка и сите негови обиди за запознавање пропаѓаат.

Вториот син Мурат е триесетгодишен згоден полицаец, кој е исклучително умен и грижлив за сите во семејството.

Третиот син Умут е посветен новинар…

…а најмалиот, четвртиот син Мутлу е весел и безгрижен, поминувајќи го времето на имотот со бабата и родителите.


И така, со доаѓањето на Бурџу, едноставниот живот на Асланови се промени од корен. Моментот кога девојката затропа на капијата беше моментот од кога ништо повеќе не беше исто.

Љубовта меѓу Бурџу и Мурат ги промени нештата и донесе низа на урнебесни ситуации и глупости во лудата куќа кои ќе ги следите од сега во попладневниот термин на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Понеделник и вторник – последни епизоди од „Слушај го срцето“

Во понеделник (3 октомври) и вторник (4 октомври) во 19.40 часот на програмата на Канал …

error: Содржината е заштитена!