Почетна / Серии / Секс, дрога и контроверзии во новата биографска серија за Марадона

Секс, дрога и контроверзии во новата биографска серија за Марадона

Новата ТВ серија во продукција на „ Amazon Prime Video“ под наслов „Maradona: Blessed Dream“, стана глобален хит откако во десет епизоди ги покажува најдобрите, но и најлошите моменти од животот на единствениот Диего Армандо Марадона.

Со Хуан Паломино во главна улога, серијата го прикажува Марадона не само во блескавите моменти како освојувањето на светската титула, туку и темната страна – многубројните неверства при бракот со Клаудија Вилјафране, и секако борбата со дрогата – првиот кадар е сцена во која 40-годишниот Диего колабира од предозирање во 2000.

Секако, се покажува и човечката страна на големиот фудбалер – како во првата епизода кога 15-годишниот Марадона, конечно, го сели своето семејство во пристоен дом откако стана најмладиот фудбалер во аргентинската фудбалска лига.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со „Фирмата“, правничка трилер драма

„Фирмата“ е американска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Серијатa ја продолжува приказната …

error: Содржината е заштитена!